11/03/2026

Терестрична дезинсекција против комарци во Скопје


Град Скопје соопшти дека од 23 до 26 мај во период од 22:00 до 03:00 часот, ќе се врши терестрична дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци.


Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.


Од Град Скопје ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.   .

Извор: МИА