23/05/2025

Стармер разговараше со Трамп околу Украина и трговијата


Кабинетот на британскиот премиер објави дека, британскиот премиер Кир Стармер остварил телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Главни теми на дискусија биле војната во Украина, билатералната трговија и националната безбедност.


Во официјалното соопштение се вели: „Лидерите разговараа за тековните и продуктивни преговори меѓу Велика Британија и САД за трговијата. Премиерот ја повтори својата посветеност на слободна и отворена трговија и важноста за заштита на националните интереси“.


Стармер и Трамп, исто така, ја дискутирале состојбата во Украина, Иран и скорешните напади врз Хутите во Јемен. На крајот од комуникацијата, се претпоставува дека се согласиле да одржат континуиран контакт.