Стармер ќе го повика Бајден да одобри пакет помош од 20 милијарди долари за Украина


– Британскиот премиер Кир Стармер притиска за директни разговори со американскиот претседател Џо Бајден и ќе го повика следната недела да одобри пакет помош од 20 милијарди долари за Украина, пишува Телеграф.


Пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, британскиот премиер се надева дека ќе разговара со актуелниот претседател на САД и ќе се обиде да го убеди да ја зголеми поддршката за Украина.


Ова вклучува да ѝ се дозволи на Украина да нападне длабоко на руска територија со проектили Сторм Шедоу (Storm Shadow) што ќе ги добие од Западот.

Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон вчера разговараа и како Украина да се стави во „најсилна можна позиција пред зимата“.


Состанокот се одржа во услови на шпекулации дека Велика Британија и Франција може да се обидат да го убедат Бајден да ја овласти Украина да ги користи ракетите „Сторм Шедоу“ за да ја нападне Русија пред да ја напушти Белата куќа.

Сторм Шедоу првично беа развиени како заеднички проект меѓу Велика Британија и Франција во раните 1990-ти.


Се користиеа во Ирак во 2003 година, додека Франција, Италија и Велика Британија ги користеа во Либија во 2011 година.

Ракетите се користени и за напади врз цели на Исламската држава во Сирија и Ирак.


Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци ги моли западните земји за вакви типови ракети – но барањата беа одбиени, особено од САД.

Ракетата има дострел од речиси 300 километри – потенцијално дозволувајќи и на Украина да гаѓа подлабоко на руска територија. јт/Фото: Х .

Извор: МИА