Breaking News

Средба со Одборот за акредитација на високото образование со цел поголема интернационализација на студиските програми на факултетите во земјава


Ректорот при Универзитет Американ Колеџ Скопје, проф. д-р Марјан Бојаџиев и проректорот проф. д-р Венера Крлиу остварија средба со претседателот Марјан Ѓуровски и потпретседателот Куштрим Ахмети од Одборот за акредитација на високото образование, дел од Агенцијата за квалитет во високото образование.


Целта на средбата беше да се надминат можните проблеми во процесот на акредитација со цел значително подигнување на квалитетот на високото образование, со посебен осврт на процесот на акредитација.


Одборот за акредитација на високото образование изрази подготвеност за континуиран дијалог и постојана отвореност и комуникација со факултетите во земјава со цел да се решат пречките на кои наидуваме при акредитацијата или евентуално реализацијата на студиските програми.

На заедничката средба со Одборот за акредитација на високото образование беше констатирана потребата од поголема интернационализација на студиските програми на факултетите и другите високообразовни институции во земјава преку заеднички пристап и делување на сите субјекти во општеството.