22/04/2025

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на граѓански организации во Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество


Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на граѓански организации кои се дел од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.


На средбата претставниците на граѓанските организации го информираа претседателот Пендаровски за работата на советот, како и нивните видувања за подобрување на соработката и дијалогот на граѓанскиот сектор со Владата.


Претседателот Пендаровски изрази поддршка за непречена работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, истакнувајќи ја важноста на невладиниот сектор во развојот на демократското општество, како и очекувањето невладиниот сектор да даде свој активен придонес во пристапниот процес кон Европската Унија.