Breaking News

Сопствениците на бродови во Париз бележат пад на приходите поради Олимпијадата


Драстично се намалени приходите на сопствениците на бродови на Сена во Париз поради забраната за пловидба за време на Олимписките игри.


Поради подготовките за свеченото отворање на Олимпијадата во 2024 година, што ќе се одржи на вода, пловидбата по Сена е прекината до 27 јули.


Шефот на Париската пристанишна заедница, Оливие Џамет, нагласи дека времето на Игрите се совпаѓа со периодот на најголема побарувачка за патувања по реките. Според него, државата ветила дека ќе ги надомести загубите.

-Ни ветија обештетување. Се надеваме дека ќе добиеме пристојна компензација, изјави Џамет.


Чамците и бродовите ќе мора да се „жртвуваат“ не само неделата пред свеченото отворање на Олимпијадата, туку и деновите кога на Сена ќе се одржат натпреварите во триатлон (30-31 јули и 5 август) и пливање на отворени води (8 и 9 август). зс/

Фото: ЕПА