22/04/2025

Сончево со слаб северозападен ветер и температура до 10 степени


Денеска во земјава нè очекува сончево време проследено со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).


Слични временски услови ќе има и во главниот град, каде што времето денеска се очекува да биде сончево и умерено облачно. И во Скопје ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.


Променливо облачното време ќе се задржи и утре, а кон крајот на утрешниот ден и во текот на ноќта можни се локални врнежи од дожд и снег.