10/07/2025

Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност


Времето денеска во државата ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.


Во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.


Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.


Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Во деновите од викендот, како што информираат од УХМР, ќе се задржи топло време со попладневна нестабилност.


Особено во сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. вг/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА