23/05/2025

Со над 1 милијарда евра ќе се модернизира атинскиот аеродром


Грција ќе инвестира вкупно над 1 милијарда евра за модернизација на меѓународниот аеродром во главниот град Атина.


Вкупната инвестиција изнесува 1,280 милијарди евра, бидејќи проектот ќе се реализира во текот на 7 години. За време на градежните работи, работата на аеродромот нема да биде прекината.


Главната цел е да се зголеми површината на аеродромот за да достигне капацитет од 40 милиони патници годишно. Планирано е површината да се зголеми на 148 илјади метри квадратни.

Покрај тоа, идејата е аеродромот во Атина да стане еден од „најзелените во светот“.


Проектот е дело на неколку етаблирани светски компании. Ги зачувува елементите кои поврзуваат модерен аеродром со традиционалните грчки елементи.

Посебно внимание во проектот беше посветено на присуството на зелени површини и осветлувањето. Се модернизираат областите за патнички услуги и трговските области. Се поставуваат системи за производство на енергија од обновливи извори.


Модернизацијата на меѓународниот аеродром во Атина е меѓу најголемите инвестиции во земјата, нагласи премиерот Киријакос Мицотакис, цитиран од грчките медиуми.