– Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски во телефонскиот разговор со командантот на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Кристофер Каволи, повторно ја истакна важноста од зголемување на воено-техничката поддршка за украинските вооружени сили.
Главна тема на нивниот разговор била моменталната состојба на фронтот. – Во моментов се водат интензивни и тешки борби долж целата линија на фронтот.
Затоа, во мојот разговор со генералот Каволи, повторно ја истакнав важноста од зајакнување на воено-техничката поддршка за вооружените сили на Украина, објави Сирски на Фејсбук.
Двајцата генерали разговараа и за неопходниот итен и цврст одговор на меѓународната заедница за учеството на севернокорејската војска во судирот на страната на Русија. ми/фото: МИА архива .
Извор: МИА