– Десетте години активизам посветен на ретките болести во Македонија, Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ ќе ги одбележи со симпозиум со меѓународно учество што од 12 овој месец ќе се одржува во Охрид.
Според организаторите, собирот има за цел преку низа предавања и постер-презентации од врвни експерти да се посочи на дијагностичките предизвици, новините во дијагностиката, како и иновативните третмани на ретките заболувања.
Нудејќи практични совети и алгоритми, овој симпозиум ќе им помогне на клиничарите во точно дијагностицирање на ретките болести преку запознавање со деталите при евалуација на таквите пациенти, велат од Здружението за ретки болести.
аб/Фото: плакат .
Извор: МИА
biznisvesti.mk портал