Схинас по средбата со Маричиќ: Северна Македонија веќе презеде големи чекори кон ЕУ, зграпчете го моментумот и продолжете со реформите 


– Северна Македонија веќе презеде големи чекори кон пристапувањето во ЕУ, објави попладнево на платформата Икс потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар за промоција на европскиот начин на живеење Маргаритис Схинас по средбата со вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач на земјава со Европската Унија, Бојан Маричиќ.


 – Ги охрабруваме нашите пријатели во Скопје да го зграпчат моментумот и да продолжат со клучните реформи, со фокус на уставните измени и владеењето на правото, наведе Схинас во објавата. сп/са/ .


Извор: МИА