Breaking News

Северна Македонија домаќин на регионалните работилници на UNECE на тема отпад, климатски промени и управување со ризици од катастрофи


Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова ја отвори првата работилница посветена на отпадот „Политики и практики базирани на Прегледот на состојбите во животната средина на Економска комисија за Европа на Обединетите Нации (UNECE)“, што денеска и утре се оджува во Скопје.


Како што соопшти МЖСПП, по првата ќе следуваат уште две  работилници во месец октомври на теми климатски промени и управување со ризици од катастрофи.


-Заради проактивната улога на Република Северна Македонија во Комитетот за политики во животната средина и различни активности на UNECE во оваа област и успешно спроведените Прегледи на состојбите во животната средина (EPR), досега три, UNECE ја избра нашата држава за домаќин на работилниците.

 Серијата работилници на кои учествуваат претставници на држави од Источна и Југоисточна Европа, Централна Азија и Кавказ се реализира со помош на гермаската Агенција за  животна средина преку UNECE Женева,се наведува во соопштението од МЖСПП.


Целта на овие работилници, како што се посочува во соопштението, е да се разменат искуства на регионално ниво за преглед на состојбите во животната средина, степенот на имплементација на препораките од спороведените EPR-и и да се дадат препораки и насоки за идните активности.

Работилниците ќе овозможат и подобрување на разбирањето на достапните алатки и инструменти за поддршка и имплементација на Целите за одржлив развој во животната средина. дма/аа/ Фото: МЖСПП .


Извор: МИА