13/05/2025

Сеул и Вашингтон ќе разговараат за трговските царини на Трамп идната недела


Сеул и Вашингтон ќе дискутираат за трговските давачки воведени од американскиот претседател Доналд Трамп идната недела, јавува ДПА.


Преговорите ќе се одвиваат во четврток и петок во Вашингтон, а од страна на Јужна Кореја ќе бидат предводени од министерот за трговија Ан Деок-гун и министерот за финансии Чои Санг-мок.


Оваа средба е организирана на предлог на САД. Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Хан Деок-су, веќе навести подготвеност за спогодба во врска со ова прашање.

Во разговор за „Фајненшл тајмс“, тој истакна дека Сеул нема намера да преземе казнени дејствија против даноците што ги наметна Вашингтон.


„По разорната Корејска војна, САД не поддржаа со помош, технологија, инвестиции и безбедносни гаранции, што беше основата на нашиот економски просперитет денес“, рече Хан Деок-су.

На почетокот на тековниот месец, Доналд Трамп го објави воведувањето на таканаречена реципрочна царина од 25 проценти за јужнокорејските производи. Тој последователно објави времена одложување на овие мерки во времетраење од 90 дена.


Јужна Кореја, чија економија значително зависи од извозот, би можела да доживее сериозни последици од ваквите трговски рестрикции.