Breaking News

Седница на Судскиот совет


Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи  491-та седница.


На седницата, како што е објавено на веб страната на Судскиот совет, ќе биде разгледано Упатството за измена и дополнување на Упатството за начинот на пресметување на ефективни работни часови, донесувањето одлуки за престанок на судии поротници нво Основниот суд Струга и за избор на нови судии поротници во овој суд, ќе биде разгледан и усвоен Извештајот на Комисијата за рангирање на кандидатите за избор на 10 судии во Апелационен суд Скопје, како и донесувањето одлуки за времено упатување на судија во Основен суд Берово и за определување на в.


д. претседател на Основниот сду Берово.

На дневен ред се и повеќе претставки и поплаки од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија, Известувањето oд Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија, како и формирање комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.


дма/бак/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА