Седмо издание на Македонскиот енергетски форум


  Седмо издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската унија во државава и ЗИП Институтот, во партнерство со Фондации Отворено општество – Западен Балкан.


 На отворањето на форумот се најавени обраќања на мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Дејвид Гир, извршниот директор на ЗИП институт Агим Селами и директорот на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан • Анди Добруши.


  МЕФ е врвен настан во енергетската индустрија, кој ги обединува иноваторите и водечките експерти на дебати за најновите случувања во обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и одржливите практики.

Како што посочуваат организаторите, МЕФ оваа година се одвива во постабилна енергетска средина.


Повеќето актери закрепнаа од енергетската криза или изградија поголема отпорност кон енергетската нестабилност и енергетски предизвици, но сепак сè уште има многу отворени дискусии.

 Во пресрет на официјалното отворање на Форумот, синоќа се одржа воведна сесија на тема „Декодирање на деценијата” посветена на значењето на Берлинскиот процес во однос на регионалната соработка, енергетската криза и транзицијата кон обновливи енергии.


лв/дма/фото: принт скрин    .

Извор: МИА