Breaking News

САД/Избори: Проекција на Си-Ен-Ен: Трамп победи во Пенсилванија


– Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во државата Пенсилванија, проектира Си-Ен-Ен. Во Пенсилванија во прашање се 19 изборни гласови.


Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.


Претседателот Џо Бајден, роден во Скрентон, Пенсилванија, во 2020 година победи во оваа држава со нешто повеќе од 80,000 гласови.

Во 2016 година, Трамп стана првиот републиканец кој ја освоил Пенсилванија по Џорџ Х. В. Буш во 1988 година, со нешто повеќе од 44,000 гласови.


Според досегашните проекции, Трамп има 266 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има 188. јт/ .

Извор: МИА