27/04/2025

САД ги суспендираа летовите за Хаити откако беше пукано врз авиони


Американскиот воздухопловен регулатор ги суспендираше летовите на американските авиопревозници за Хаити на најмалку 30 дена по три истрели во еден ден насочени кон авиони кои полетуваа од оваа карипска држава, објави Би-Би-Си.


Авионите на „ЏетБлу“, „Спирит“ и „Американ Ерлајнс“ беа погодени со куршуми во понеделникот при пристигнувањето во главниот град Порт-о-Пренс.


Во нападот на авионот на „Спирит“ стјуардесата се здобила со полесни повреди, но нема повредени патници.

Федералната управа за авијација (ФАА) вчера издаде известување за воздушните мисии (Нотам) за приземјување на летовите поради „ризиците за безбедноста на летовите поврзани со континуираната безбедносна нестабилност“.


На американските авиони во моментов им е забрането да минуваат помалку од 3,048 метри од територијата и воздушниот простор на Хаити.

Одделно, ФБИ објави дека се вклучил во истрагата за пукањето на авионот „Спирит“. мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА