РСБСП: Возете внимателно и одговорно за Свети Трифун и Валентин


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на љубовта и виното.


„Празниците се одличен повод за споделување среќа и незаборавни моменти со блиските и саканите, но за да бидат овековечени со љубов неопходно е и одговорно однесување за време на истите, особено доколку се учествува во сообраќајот на патиштата. Затоа РСБСП советува: доколку консумирате алкохол – НЕ управувајте со моторно возило, а доколку одлучите да возите тогаш НЕ консумирајте алкохол. Доколку консумирате алкохол – користете јавен превоз или повикајте такси превоз. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи. Возете внимателно и грижете се за сите учесници во сообраќајот. Возете со СРЦЕ! Почитувајте го животот и уживајте во пријателствата. Ако го славите Св. Валентин – опијте се од љубов, а ако наздравувате за Св. Трифун – покажете одговорно однесување. Честит празник на љубовта и виното! Возете безбедно!“, се вели во соопштението на РСБСП.


Извор: МИА