10/07/2025

Рокот зададен од Трамп наближува, ЕУ се уште далеку од трговски договор со САД


Европската Унија сѐ уште не успеа да оствари прогрес во трговските разговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а крајниот рок што го постави Белата куќа за нов договор завршува на 9 јули.


И покрај напорите во Вашингтон, преговарачите не успеале ниту да се приближат до неофицијален договор, па се обмислува продолжување на моменталната состојба, со цел да се избегне автоматско зголемување на давачките, изјавија денес европски дипломати упатени во разговорите, пренесува Хина.


Европската комисија денес ги информираше претставниците на земјите-членки дека верува оти САД се спремни да ги „паузираат“ тековните давачки за партнерите со кои постигнале првични договори, со можна полесна даночна регулатива или исклучоци во иднина.

Без прелиминарен договор, американските давачки за поголемиот дел од увозот би се зголемиле од сегашните 10 проценти на стапката што Трамп ја определи на 2 април. За ЕУ, таа е 20 проценти.


Американскиот министер за финансии Скот Бесент најави дека ќе продолжи да преговара и за време на викендот.

Трамп претходно веќе воведе 50 отсто давачки за челик и алуминиум, 20 отсто за автомобили и 10 отсто за други производи од ЕУ.


ЕУ се согласи за пакет контрамерки во вредност од 21 милијарда евра, но не го имплементираше. Исто така, разгледува и втор пакет, првично утврден на 95 милијарди евра.

Тој сега е намален на 72 милијарди по лобирањето од некои земји-членки, изјавија дипломати, пренесува Хина.


ссм/фото: архива.

Извор: МИА