Breaking News

Резервирајте ги 15 и 16 јуни за превенција, за себе и за своето здравје: Бесплатни дерматолошки прегледи на бенки и промени на кожата во Градски парк со dm дрогерие маркт


Колку е времето поминато на сонце корисно и удобно, толку е и самата заштита од сончевите зраци, но и превенцијата важна –  а тоа dm многу добро го знае! Втора година по ред, dm ги повикува сите заинтересирани граѓани на бесплатни дерматолошки прегледи. Иако летото е едно од нашите омилени годишни времиња, поради високите температури и штетните сончеви зраци, тоа со себе носи различни предизвици. Притоа, посебно е важно да обрнеме внимание на тоа како правилно да се заштитиме од УВА и УВБ зрачењето кое може да предизвика промени на кожата, па и оние кои се малигни, неретко фатални. Дерматолозите алармираат дека зголемената стапка на пораст на кожниот меланом, посебно кај младата популација е загрижувачка и дека ова не бира ниту возраст ниту пол. Согласно статистиките во 2020 година биле забележани вкупно 325.000 нови случаи на меланом на глобално ниво (174.000 мажи, 151.000 жени), а доколку продолжи досегашниот тренд на појава на меланомот, се проценува дека бројот на нови случаи од меланом ќе се зголеми на 510.000 (приближно зголемување од 50%) до 2040 година. Повеќето случаи на рак на кожата се предизвикани од прекумерна изложеност на ултравиолетовите (УВ) зраци од сонцето или солариум. Превенцијата е од особено значење за заштита од овие заболувања, а редовните дерматолошки контроли на бенките и промените на кожата, како и заштитата од УВ зрачењата се еден од главните методи. Првиот термин се одржа на 9 јуни во Парк шумата Гази Баба, каде одзивот беше голем, а овој викенд ќе може да го пронајдете тимот на стручни дерматолози во Градскиот парк во Скопје – 15 и 16 јуни од 17 до 21 часот. Доколку не успеете овој викенд да се прегледате, бесплатни дерматолошки прегледи ќе има и во Охрид – Куба Либре на 22 и 23 јуни во период од 16 до 20 часот, односно од 11 до 15 часот. Дерматолошките прегледи се вршат на бенките и другите неправилности на кожата, со дерматоскоп и придонесуваат за тоа да се утврди општата состојба и типот на кожата.  Се прашувате зошто се важни редовните дерматолошки прегледи со дерматоскоп? Тие се потребни за преглед на бенките и пигментните промени на кожата, но и поради настанувањето на нови бенки кои може да бидат условени од штетното дејство за сончевите зраци. Зачувајте ги датумите и не заборавајте дека кожата е нашиот најголем орган кој има бројни улоги во нашата заштита од околината и надворешните влијанија!