13/05/2025

Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница


Нормализирана е состојбата со дистрибуција на струја до Клиничка болница-Штип.


Директорот на болницата, Владко Захариев за МИА информира дека откако вчера околу 15 часот беше скинат кабел, екипите на ЕВН кои работеа во текот на ноќта проблемот го решиле околу 1 часот по полноќ.


Тој утринава истакна дека состојбата со струјата е нормализирана и болницата нормално функционира.

Инаку, МИА синоќа информираше дека болницата со струја се снабдуваше од агрегат, бидејќи при градежни активности беше скинат кабел. вдј/са/Фото: МИА .


Извор: МИА