23/05/2025

Реката Ламбро се излеа во близина на Милано


Поради обилните врнежи во Милано и северниот италијански регион Ломбардија, изутрината е активиран одводниот резервоар на реката Севесо, додека реката Ламбро се излеа од коритото, јави италијанската новинска агенција АНСА.


Локалните власти соопштија дека од 3 часот наутро по локално време во финансиската престолнина на Италија наврнале околу 35 до 40 мм дожд.


Паркот околу реката што минува покрај Милано е поплавен и наредена е евакуација на две општини во околината. Според метеоролозите, во текот на денешниот ден се очекува подобрување на времето.

рп/Фото: ЕПА .


Извор: МИА