Breaking News

Регионална размена за поддршка на капацитетите на парламентарните истражувачки служби


Во Едукативниот центар на Парламентарниот институт во Собранието денеска ќе се одржи Регионална размена за поддршка на капацитетите на парламентарните истражувачки служби во рамки на Програмата за демократско партнерство на Конгресот на САД.


Како што информираат собраниската прес-служба, на темата „Најдобри практики во процесот на подготовка на анализи и истражувања“ ќе говорат Елиф Ванг, истражувач, служба за истражување и документација на Бундестагот, Германија, Р.


Сем Гарет, специјалист за американско национално владеење, Истражувачка служба на Конгресот на САД, Дејвид Смол, политички аналитичар во Одделот за домашна социјална политика, Истражувачка служба на Конгресот на САД.

На темата „Развивање системи за управување со барања и повратни информации од пратениците“ ќе зборуваат Илија Милчевски, раководител на Одделение за општи истражувања и анализи, Парламентарен институт – Собрание и Андреа Керстгес, раководител на сектор, служба за истражување и документација на Бундестагот.


За „Поддршката на креирање политики засновани на докази“ ќе говорат Р.

Сем Гарет, специјалист за американската национална влада, Истражувачка служба на Конгресот на САД и Дејвид Смол, политички аналитичар во Одделот за домашна социјална политика, Истражувачка служба на Конгресот на САД.


Додека, за „Поддршката на парламентите во законодавниот надзор“ ќе зборува Златко Атанасов, раководител на Парламентарниот институт, Собрание, а за „Процесот на контрола на објективност на истражувачките работи“ Марта Краусова од Парламентарен институт, Парламент на Чешка и Фросина Дониновска-Сусинов, советник-истражувач и аналитичар по современи политички системи, Парламентарен институт-Собрание.

фф/са/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА