23/05/2025

Работно време на Управните служби на МВР за Велигден


Во исчекување на претстојните празници Велигден, Министерството за внатрешни работи извести дека утре сите Сектори за управни дејности при Управата за управни дејности на МВР, со исклучок на Одделението за управни работи Скопје, ќе бидат отворени од 08:00 до 16:00 часот.


Одделението за управни работи Скопје, односно неговите организациски единици, утре ќе функционираат според следното работно време: “Пункт Пролет – двосменски од 07,30 до 19,30 часот; Пункт МТВ – двосменски од 07,30 до 19,30 часот”, а со идентичен распоред ќе работат и локациите во Беко и Ѓорче Петров. Пунктовите Драчево и Бутел ќе работат во една смена, од 10:00 до 18:00 часот.


МВР ги информира граѓаните дека “фотографирањето за лични документи ќе се врши без закажување на термин, а издавањето на документите ќе се одвива тековно”. Во сабота (19.04.), ќе функционираат само шалтерите за издавање лични документи во МТВ и Беко, од 08:00 до 16:00 часот.