Работилница за наставници од основните училишта „Собранието и граѓанското образование“


Во Собранието денеска ќе се одржи работилница за наставници од основните училишта насловена „Собранието и граѓанското образование“.


Работилницата ќе ја отворат Златко Атанасов, раководител на Парламентарниот институт и Бобан Стојаноски, заменик-генерален секретар на Собранието.


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на дискусијата посветена на  „Неформална наспроти формална политичка едукација (состојби, перспективи и можности за соработка).

На оваа сесија ќе зборува и Марина Димитриевска Георгиевска од Бирото за развој на образованието, пратеници од Комисијата за образование, наука и спорт, Роберт Скот Хајзлет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт, како и експертот Виктор Новаковски, кој исто така ќе зборува и за новиот курикулум „Истражувачко новинарство“.


 На настанот ќе има и претставување на едукативните активности на Парламентарниот институт и промоција на електронските системи за пријавување. ев/са/ФОТО: МИА Архива   .

Извор: МИА