10/07/2025

Путин: Голем потенцијал за конфликти


Во вчерашното свое излагање на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот претседател Владимир Путин изрази стравување поради светските затегнатости и можноста за поширок конфликт.


На прашањето дали светот се насочува кон трета светска војна, тој одговори дека ситуацијата е „загрижувачка. Зборувам без иронија, без шега“.


„Секако, постои голем потенцијал за судири. Тоа расте и буквално ни е пред нос … Секако тоа бара не само внимателно следење на се што се случува, туку и барања на решенија, по можност по мирен пат, во сите насоли“, нагласи Путин.

Во врска со односите меѓу Москва и Техеран, тој потенцираше дека Русија ги исполнува сите свои задолженија и го поддржува Иран во заштитата на неговите легитимни интереси, вклучително и во поглед на нуклеарната енергија за цивилни цели.


ми/фото: ЕПА