Прв круг од парламентарните избори во Литванија


– Околу 2,4 милиони луѓе денеска ќе гласаат за новиот состав на Парламентот (Сеимас) на Литванија.


  Седумдесет пратеници ќе бидат избрани од партиските листи и ќе им се придружат на тие во едномандатните изборни единици кои освоиле повеќе од 50 отсто од гласовите.


Вториот круг од парламентарните избори ќе се одржи на 27 октомври, каде поголемиот број од едночлените изборни единици ќе гласаат за еден од водечките кандидати.

Според анкетите Социјалдемократската партија предводена од Вилија Блинкевичиуте, на би добила 18 отсто од гласовите, додека Татковинската заедница на актуелната премиерка Ингрида Шимоните би добила девет проценти, додека за Нова партија би гласале 12 отсто од граѓаните.


Литванија има двоцифрен годишен раст на личниот доход и има една од најниските стапки на инфлација во ЕУ, но граѓаните не се задоволни од конзервативната Влада на премиерката Шимоните.

Таа се соочи со критики за строгите мерки за време на пандемијата, при што многумина се жалат дека нејзината влада не направила доволно за да им помогне на компаниите за време на карантинот и дека илјадници луѓе немаат соодветен пристап до здравствените услуги.


Шимоните, исто така, беше критикуванa за справувањето со мигрантите кои пристигнуваат од Белорусија. Литванија ги обвини Минск и Москва дека ги организирале мигрантите.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА