Breaking News

Протестен марш на Независниот синдикат на судска администрација  во Скопје


Протестен марш во организација на Независниот синдикат на судска администрација се одржува попладнево во Скопје.


Маршот започна од пред платото на Основен Кривичен и Граѓански суд во Скопје, а ќе заврши пред зградата на Судски совет.


Меѓу барањата на Синдикатот се и зголемување на платата за 78 проценти од минимална и додатоците на плата за 35 отсто од судскиот буџет.

Од Синдикатот информираат дека имаат закажано состанок со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.


  Протест денеска имаа и вработени во судската администрација од Основен суд Тетово, каде беше побарано зголемување на платите како кај судиите. бд/дма/Фото: МИА   .

Извор: МИА