Breaking News

Проштална средба на министерот Мисајловски со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо


Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска имал проштална средба со амбасадорот на НР Кина,  Џанг Ѕуо, на која присуствувал и одбранбено аташе, полковникот Зу Нинг.


Министерот Мисајловски, како што соопшти Министерството за одбрана, упатил благодарност до амбасадорот Ѕуо, за неговиот активен придонес за одржување на добрите односи меѓу двете земји за време на неговиот мандат и му посака успех на новата должност.


дма/ац/Фото: Министерството за одбрана

Извор: МИА