Променливо облачно со слаб локален дожд, температурата до 16 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно, со локален слаб дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.


Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 14 степени.

Според УХМР, од среда следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури. мч/аа/фото: МИА архива .


Извор: МИА