27/04/2025

Променливо облачно, претпладне повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме.


Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УБ индексот ќе изнесува 7.


 Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 28 степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. ев/мд/ФОТО: МИА Архива  .


Извор: МИА