Годинава продолжи народното одбележување на православна Нова година од група граѓани и верници во црквите во Тетовско, со намера да прерасне во традиција. На пладне биеја камбаните во повеќето православни храмови, а се подели пита со паричка. Православната духовност е главната цел на ваквото заедничко прославување, порачаа организаторите.
–Во 12 часот да чукнат камбаните во сите православни храмови во Тетовско. Во сите тие храмови, тие што добија паричка во нивното парче си направија пита со паричка и ја донесоа. Во другите, кај што не можеа, однесовме ние како организатори. Така да, нема ни една црква каде што нема пита со паричка. Сите овие луѓе што дојдоа специјално за овој чин на биење на камбаните, дојдени се посебно за таа причина. Ова е поврзано со нашето постоење како православни верници и токму камбаната е симболот кој што треба да го означи постоењето наше во Тетовско, изјави Снежана Стојановска.
Повеќе децениски одбележување на Василица во Тетовско има во неколку села како Копанце, Милетино,Вратница. Група на маскирани учесници од утринските часови ги посетуваат домаќинствата, со исполнување на празнични песни и ора со цел да се истераат лошите духови од домовите на семејствата. Од домаќините добиваат дарови како топла ракија, грав, овошје и зеленчук.ас/бт/