Во Охрид, денес, на пригоден настан, ќе биде доделена наградата „Инженерски прстен 2025“ на 14 перспективни инженери од различни специјалности.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе ја врачи наградата, а церемонијата ќе се случи на отворениот простор пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид.
Наградата се доделува на најистакнатите студенти кои завршиле студии на факултетите кои поддржуваат инженерски области на четирите државни универзитети. Манифестацијата се одвива по 22-ри пат, а е во организација на Инженерската институција на Македонија и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на претседателот на државата.
biznisvesti.mk портал