22/04/2025

Man's hand is locked with the handcuffs

Приведено лице од Гевгелија по распишана потерница поради бегство од затвор


Денеска (09.01.2022) во 01.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода М.С.(27) од Гевгелија.


За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија, а бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда” и „неизвршување на судска одлука”.


Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.