Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска околу 08:00 часот, лишиле од слобода малолетник од гостиварски Добридол.
Како што соопштија од МВР, тој се сомничи дека бил инволвиран во две тешки кражби, извршени кон крајот на минатата година во гостиварското село Галате.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. цр/aa/
Скопје, 4 јануари 2023 (МИА)