12/03/2026

Премиерот Мицкоски на Самитот „Украина-Јогоисточна Европа“ во Дубровник


Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот „Украина-Југоисточна Европа“ што се одржува во Дубровник.


 Самитот ќе го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а излагање ќе има и претседателот на Украина, Володомир Зеленски.


На самитот се најавени претставници од 12 држави од регионот, а во состав на македонската делегација, покрај премиерот Мицкоски, е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

 Ова е трет самит организиран во овој формат. Првиот беше организиран во август 2022 година во Атина, а вториот во февруари годинава во Тирана.


 Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина. бак/са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА