15/01/2026

Премиерот Ковачевски во работна посета на РЕК Битола


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе оствари работна посета во Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“, каде како што е најавено, ќе се разгледа процесот на производство на електрична енергија и вклучување на мрежа на Блок 3 и работа на термоелектраната со максимален капацитет со сите три блока.


При посетата на РЕК Битола, покрај премиерот Ковачевски ќе бидат присутни министерот за економија, Крешник Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски.см/аа/


2023-01-12 07:03:45, од Симона Митровска