28/03/2025

Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе


Околу 100 луѓе се евакуирани од хотел во Лондон откако избувна пожар во приземјето на зградата.


Пожарот избувнал во хотелот и ресторанот „Chiltern Firehouse“, познат по тоа што го посетуваат познати личности како Мадона, Кајли Миног и Том Круз.


На местото на пожарот се испратени повеќе од 100 пожарникари и 20 противпожарни возила. Фото: МИА архива  .

Извор: МИА