Breaking News

Поради украинските напади во Белгордската област прогласена вонредна состојба


– Во Белгородската област денеска е прогласена вонредна состојба поради украинските напади, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.


– Ситуацијата во регионот на Белгород и понатаму е исклучително тешка и тензична. Секојдневно гранатирање од вооружените сили на Украина, уништени куќи, повредени и убиени цивили, истакна Гладков.


Тој додаде дека е прогласена вонредна состојба на регионално ниво за целиот белгородски регион, но оти ќе побара воведување на вонредна состојба на сојузно ниво.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА