18/04/2025

Поради технички зафати утре без вода делови од Центар


Поради планирани два технички зафата во водоводната мрежа утре без вода ќе бидат делови од Центар.


Како што информират од РЦУК, поради дефект на затварач од ф – 80 мм на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ б.б, утре од 09.00 часот без вода ќе останат корисниците од ул. „Ленинова“ и бул. „Теодосиј Гологанов“ до ул. „Свети Кирил и Методиј“, во Општина Центар.


Прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 9 часот па се до отстранување на дефектот. сст/мд/