Се поплочуваат улици во кавадаречкото село Возарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
– Се поплочуваат улици на површина од 900 квадратни метри, активности што се дел од програмата за комунална изградба за 2022 година. Изведувач е ,,Градба промет”, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму информираа и за поставување на атмосферска канализација со цевки Ф 800 на булеварот ,,Никола Минчев’’, спој со Северен булевар.
– И оваа реконструкција е во склоп на проектот од КФВ банка, во соработка со Јавното претпријатие ,,Комуналец” и општината Кавадарци. Изведувач е ,,Жикол”, додадоа од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци. свд/
Кавадарци, 17 јануари 2023 (МИА)
biznisvesti.mk портал