Културно-информативниот центар денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со настанот „Поетот и градот“. Настанот ќе се одржи во салонот Империјал 2 со почеток во 12 часот.
Како што соопштуваат од КИЦ, главен гостин на настанот ќе биде академик Влада Урошевиќ, минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика.
Оваа година се одбележуваат и 90 години од неговото раѓање и 65 години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Еден друг град“.
На настанот ќе учествуваат и Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, кои ќе разговараат со Урошевиќ за неговата поезија и врската со Скопје.
Присутните ќе имаат можност да слушнат за различните периоди на Скопје, како и за личните сеќавања и согледби на Урошевиќ за градот и неговото творештво. ар/нд/Фото: КИЦ .
Извор: МИА