Во Делчево синоќа почина сликарот Пепи Атанасов.
Во својот работен век Атанасов, кој е роден 1967 година, има работено на цртање мурали на општинската зграда, комплексот Делчевчанка, воспитно-образовните установи во градот, како и неколку колективни станбени живеалишта во Делчево.
Творец е и на повеќе дела кои оставија белег во старата градска чаршија. За неговиот труд во 2020 година доби општинско признание по повод 75 години од Ослободувањето на Делчево.
Погребот на Атанасовски е закажан за денеска во 14:00 часот на градските гробишта во Делчево. вс/мд/Фото: МИА .
Извор: МИА