18/04/2025

По три години од уплатата жители од селото Аџиматово, Општина Лозово конечно ќе бидат приклучени на канализациската мрежа


После три години од уплата на пари која била извршена на сметка на ЈПКД „Лозово“, дел од жителите на населеното место Аџиматово ќе бидат приклучени на фекалната канализациска мрежа, информира градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски.


Тој појасни дека приклучокот на канализациската мрежа досега бил еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваа овие жители.


-Иако уредно имале извршено уплата, од страна на претходната локална власт, овие жители не биле приклучени на канализациската мрежа. Обезбедуваме поквалитетни и поеколошки услови за живеење за сите жители на село Аџиматово, и во сите населени места во Општина Лозово, потенцира Цветковски.ад/вј/