10/07/2025

По Кочани ДНК требаше да одржат концерти во овие градови


Во земјава и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани.


За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите.


Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.

Како што стои на објавата на инстаграм профилот на ДНК тие на 19 март в среда требаше да настапат Куманово, на 22 март в сабота во Кавадарци, а во недела на 29 март требаше да настапат во Струмица.