Пратничката од СДСМ, Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана денеска на нејзиниот фејсбук профил објави дека во рок од 7 дена во МВР „се поделени”, под притисок и закани, како што напиша, повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници, дел од нив и на раководни позиции.
– Во Агенцијата за разузнавање се назначи заменик директорка, без законски потребното работно искуство. Се подготвуваат партиски послушници и во АНБ и Военото разузнавање.
И Мицкоски најавува нова реформа на безбедносните служби и нивното спојување? Не, тоа ќе биде полициско партиска држава со концентрација на моќ кај некој нов Горан Грујовски, објави Петровска на фејсбук.
цр/дма/Фото: фејсбук на Славјанка Петровска .
Извор: МИА