Денес, министерот за локална власт, Златко Перински, ќе престојува во Општина Крива Паланка, како дел од иницијативата „Кадешто срцето е дома“.
За време на посетата, Перински ќе оствари средба со градоначалникот Сашко Митовски, членовите на општинскиот Совет и службениците во администрацијата на Општина Крива Паланка.
По завршувањето на состанокот, министерот ќе направи обиколка на ИПА проектот „Паркови“ (PARKS) – „Зачувување на области преку регионално знаење и одржливост“, кој е финансиран од ИПА ИНТЕРРЕГ програмата на ЕУ за меѓугранична соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија.