12/03/2026

Фото: Википедија

Париското обвинителство ќе го сослуша Илон Маск во истрага за Икс


Париските правосудни органи побараа од сопственикот на платформата „Икс“, Елон Маск, и поранешната извршна директорка, Линда Јакарино, да се јават на распит во април. Ова е поврзано со тековната истрага што се води против популарната социјална мрежа, како што објавија денеска надлежните органи, цитирани од британските медиуми.


Обвинителството информираше дека денеска се извршени претреси во француските канцеларии на „Икс“. Акцијата е дел од истрагата, која беше иницирана во јануари 2025 година.


Претресите се спроведени од страна на единицата за борба против кибер криминал при обвинителството, со активно учество на Европол. Операцијата е поддржана и од специјализираната кибер единица на француската полиција, според информациите добиени од „Икс“.

Платформата сè уште не дала официјален став по ова прашање.


Обвинителството нагласи дека истрагата е покрената по добиена пријава од страна на еден пратеник. Според тврдењата, изменетите алгоритми на „Икс“ најверојатно довеле до манипулација на системот за автоматизирана обработка на податоци.

Париското обвинителство, исто така, објави дека ќе се повлече од користењето на социјалната мрежа „Екс“. Од сега, комуникацијата ќе се одвива преку платформите „ЛинкедИн“ и „Инстаграм“. „ЛинкедИн“ е во сопственост на „Мајкрософт“, додека „Инстаграм“ е дел од „Мета“.