Панама објави итен случај во нејзиниот основен регион за одгледување банани откако многубројни дуќани и објекти беа опљачкани и уништени за време на демонстрациите на одгледувачите на банани поради пензиската реформа, објави денес Би-Би-Си.
Владата изјави дека уставните права ќе бидат ставени во мирување во текот на следните пет дена во северозападната провинција Бокас дел Торо.
Оваа мерка ја ограничува слободата на движење и им овозможува на органите на редот да приведуваат без судски налог.
Протестите низ државата траат од март, но кризата во регионот почна пред еден месец, кога тамошниот синдикат на работниците за банани се приклучи на протестот против предложените кратења на пензиите и објави општ штрајк.
Во Бокас дел Торо, немирите главно ги предводеа работници на плантажа за банани во сопственост на Чикита Брендс. Конфликтот ескалираше минатиот месец откако компанијата отпушти илјадници работници кои беа во штрајк.
Демонстрантите поставија блокади на патиштата и претходно оваа седмица уништија објект на Чикита Брендс и локалниот аеродром. ” “, изјавија од полицијата.
мс/фото: ЕПА